Екипата на Лос Анџелес лејкерс славеше над Њу Орлеанс пеликанс со 133:121 во арената „Крипто“ благодарение на уште една маестрална партија на Лука Дончиќ. Словенецот помина 35 минути на теренот и за тоа време постигна 34 поени, 12 скока и 7 асистенции. Тој доби поддршка од Остин Ривс, кој постигна 33 поени, а Деандре Ајтон запиша дабл-дабл со 22 поени и 12 скока. Брајс Мекговенс беше првото име за Пеликанс со 23 украдени топки. Беј додаде 22, а Фирс 21.

Резултати: Кливленд – Бостон 115:117, Њујорк – Торонто 116:94, Филаделфија – Атланта 134:142 (по продолжение), Портланд – Оклахома 115:123, Минесота – Сан Антонио 125:112, Сакраменто – Мемфис 107:115.

ИЗДВОЕНИ