Дончиќ им одговори на критичарите: „Бев добар кошаркар и претходно“

427

Лука Дончиќ објасни дека неговата трансформација по сезоната не била за да им докаже на луѓето дека грешат, туку за да го направи следниот чекор во кариерата.

„Мислам дека бев добар кошаркар и претходно, без разлика што велат луѓето. Мислам дека тоа беше следниот чекор во мојата кариера. На крајот на денот, имам 26 години и имам долг пат пред себе“, рече Дончиќ, осврнувајќи се на критиките за неговиот физички изглед.

По завршувањето на НБА сезоната со Лејкерси, словенечкиот плејмејкер се посвети на тоа да го доведе своето тело во форма за Евробаскетот и новата кампања во најсилната лига во светот, и ќе ги дочека сите важни настани во добра форма.

„Различна исхрана, различен тренинг. Всушност, не играв кошарка еден месец, што никогаш порано не сум го правел во животот. Беше предизвикувачки, но сè беше во ред“, рече Дончиќ.

ИЗДВОЕНИ