По турбулентната сезона, Лука Дончиќ не се чувствува баш најдобро. Словенецот прво доживеа сосема неочекуван трансфер од Далас во Лос Анџелес Лејкерс, а подоцна со „езерџиите“ ја заврши сезоната уште во првата рунда од плејофот.

Сето тоа лошо се одрази врз Дончиќ, барем така тврди Тим Мекмахон, новинар на „ЕСПН“, кој секогаш е добро упатен со случувањата во НБА лигата.

  • Неговото срце е скршено, но и покрај сè, Дончиќ ќе остане посветен на Лејкерси, со цел да освои прстен со оваа франшиза, рече меѓу другото познатиот новинар.

Лука Дончиќ исто така имаше проблеми со повреди оваа сезона. Тој одигра 28 лигашки натпревари за Лејкерси, постигнувајќи во просек по 28,2 поени, 8,1 скока и 7,5 асистенции.

ИЗДВОЕНИ