Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Украина, Русија и САД немаат единствен став за Донбас, додавајќи дека Киев инсистира на посебен договор за безбедносни гаранции од западните сојузници, првенствено од САД.
Зборувајќи за американскиот план за прекин на војната во Украина, Зеленски рече дека елементите на планот бараат понатамошна дискусија за голем број „чувствителни прашања“, вклучувајќи ги безбедносните гаранции и контролата врз источните региони, објави Блумберг.
Зеленски додаде дека нема единствен став ниту кога станува збор за регионите Донецк и Луганск.
Запрашан да ја коментира изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека е разочаран што „претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот“, Зеленски нагласи дека Украинците сакаат да знаат што ќе направат нивните сојузници ако Русија повторно започне војна.
„Постои едно прашање на кое јас и сите Украинци сакаме да добиеме одговор. Ако Русија повторно започне војна, што ќе направат нашите партнери“, рече украинскиот претседател.
Зеленски денес во Лондон се сретна со британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, со кои разговараше за американскиот предлог.
Судбината на Украина, е судбина на Европа: Заврши состанокот на европските лидери со Зеленски












