
Голманот на францускиот гигант ПСЖ, Џиџи Донарума, изјави дека сите опции се во игра кога е во прашање неговата иднина, но додаде дека ако сака клубот, тој е подготвен да ја продолжи соработката. Неговиот актуелен договор е со важност до 2026 година, а моментално, најголем интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Јувентус, Интер и на Манчестер Сити.