
Синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Помладиот, изјави денеска во Катар дека еден ден можеби би можел да се кандидира за претседател, доадавајќи дека „постои таа можност“
„Значи, јас не го знам тоа. Можеби еден ден. Знаете, тој повик постои. Секогаш ќе бидам многу активен околу овие работи. Мислам дека мојот татко навистина ја промени Републиканската партија“, рече Доналд Трамп Помладиот на Економскиот форум во Катар, пренесува „Ројтерс“.
Кога модераторот на панел дискусијата го праша дали би се кандидирал и би ги „преземал уздите“ откако неговиот татко ќе ја напушти функцијата, неговата прва реакција предизвика благ аплауз кај публиката.
„Чест ми е што ми го поставуваат тоа прашање и чест е да се види дека некои луѓе размислуваат за тоа“, рече Доналд Трамп Помладиот (47).