Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за „Фокс њуз“ дека Иранците биле погодени десет пати посилно отколку што мислеле дека ќе бидат.
- Тие не беа подготвени да преговараат. Мислам дека сега можеби ќе бидат. Ќе видиме, рече Трамп во контекст на иднината на нуклеарната програма на Иран.
Високи американски функционери изјавија за „Фокс њуз“ дека целите на изненадувачките израелски воздушни напади во петокот биле бројни нуклеарни научници и воени команданти.