Втора година по ред, Здружението организатор на трката „Трчај бе“, заедно со Атлетската федерација на Македонија, во пресрет на трката „Мини, трчај бе!“, која ќе се одржи на 1 јуни, донираат спортски реквизити за основните училишта во Битола. Денешната донација е во вредност од 100.000 денари и се состои во пречки и конуси.
Организаторот на трката, Никола Димитровски, во име на здружението и Атлетската федерација изрази благодарност до сите наставници по физичко образование, нагласувајќи дека нивната соработка е особено важна за организација на еден ваков настан и побара во иднина дополнително да бидат дознаени сите потреби на училиштата од реквизити поврзани со атлетиката, со цел да бидат обезбедени со следните донации.