Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, сака да го обнови руинираниот објект во Тафталиџе 1, кој некогаш бил културен дом.
Според Јакимовски, ова домче во населбата Тафталиџе 1 пропаѓа повеќе од 25 години и, како што вели, не е фер ниту кон граѓаните ниту кон Општината.
Тој предлага решение: Владата и Правобранителството да се договорат со Социјалистичката партија да ѝ се додели друго државно земјиште на територијата на Општина Карпош, а домчето да им се врати на граѓаните.
– Општина Карпош ќе вложи од 200 до 300 илјади евра и ќе го претвори овој запуштен објект во место за култура, за децата и за активности на заедницата – нагласи Јакимовски.
Тој додава дека нема да загуби никој, дека ќе добијат сите.