петок, февруари 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Доларот го бутна еврото на двегодишен минимум

Доларот го бутна еврото на двегодишен минимум

94

Еврото денеска падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот, откако најновите податоци покажаа дека деловната активност во еврозоната нагло паднала во ноември.

Според податоците на берзата, европската заедничка валута во еден момент се тргуваше по 1,0399 долари, што е најниска вредност од декември 2022 година, пренесува CNN. Глобалната агенција S&P објави дека композитниот индекс на менаџери за набавка (PMI) во еврозоната паднал од октомвриските 50 поени на 48,1 поен.

PMI е параметар кој се користи како показател за економската активност, а резултат под 50 поени покажува дека економијата е во состојба на контракција, односно пад на економската активност, пренесува Танјуг.

Ноемвриските податоци за деловната активност во еврозоната ги подгреаа очекувањата дека Европската централна банка идниот месец значително ќе ја намали референтната каматна стапка, наведува американската медиумска компанија.

ИЗДВОЕНИ