Документарецот „Меланија“ (Melania), кој ја следи првата дама на САД во деновите пред инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп во јануари 2025 година, синоќа имаше премиера во Центарот „Кенеди“, во Вашингтон, САД.

На свечениот настан, на Меланија ѝ се придружи и американскиот претседател и заедно прошетаа по црниот тепих. Сопружниците беа горди поради премиерата, а првата дама на Америка истакнала дека ова не е документарец, туку филм што го прикажува она што не може да се види секојдневно. Изјавила и дека „луѓето сами ќе го проценат“, додавајќи дека филмот е „убав“, „емоционален“, „модерен“  „кинематографски“ и ќе биде инспиративен, особено за жените. „Тинејџерите можат да одат да го гледаат, младите жени можат да бидат инспирирани дека и тие би можеле да имаат семејство и бизнис“.

Можеби најголемото изненадување на вечерта беше тоа што претседателот Доналд Трамп и првата дама подолго време беа посветени на одговарање на прашања и од мејнстрим и од десничарски медиуми. „Убаво е што ве гледам“, претседателот ги поздрави новинарите на прес-линијата пред да истакне: „Вечерва е за првата дама“. Прашан за влијанието што неговата сопруга го има врз него, претседателот рече: „Таа е некој на кого се потпирам. Разговарам со многу луѓе. Некои ги слушам, а други не, но таа е многу влијателна“.

Меланија блесна на премиерата на својот филм, беше облечена во тесен, црн фустан со копчиња од трговската марка „долче и Габана“ и носеше црни шик потпетици.

Филмот „Меланија“, во режија на Брет Ратнер, кој „Амазон Ем-џи-ем стјудиос“ го откупи за, како што се наведува, 40 милиони долари, веќе почнува да се прикажува во кината ширум светот.

Фото: Инстаграм и принтскрин од Јутјуб

ИЗДВОЕНИ