Актерот Чарли Шин, кој е трезен речиси осум години, одлучи пред својот 60-ти роденден конечно да се соочи со своето турбулентно минато обележано со дрога. Тој ќе го стори тоа преку нова книга и искрен документарец.
Дводелниот документарец на Netflix „Познат како Чарли Шин“, во режија на Ендру Ренци, пристигнува на 10 септември, а Шин ветува дека ќе го отвори секое поглавје од својот живот.

„Кога носиш многу срам, тоа те задушува“, призна актерот во трејлерот што неодамна беше објавен.

„Самиот го запалив фитилот, а мојот живот се претвори во сè што не требаше да биде“, додаде тој.

Тој зборува за најинтимните работи

Тој исто така рече дека во документарецот ќе открие работи што ветил дека ќе ги сподели само со својот терапевт. Особено емотивен момент се случува кога зборува за разочарувањето што му го предизвикал на својот славен татко, актерот Мартин Шин.

ИЗДВОЕНИ