Специјалистот за колена и поранешен тимски доктор на германскиот алпски тим, д-р Тиери Мурих, даде свое мислење за ситуацијата на Линдзи Вон и нејзината повреда со вкрстените лигаменти.

  • Најголемиот проблем за Вон е слетувањето по скоковите. Таа мора да го одржи коленото стабилно, и мускулно и во однос на координацијата. Клучно е да ја одржува правилната положба за да не попушти коленото. Би можеле да се скинат менискусот и задниот вкрстен лигамент. Постои ризик од непоправливо оштетување на ‘рскавицата или дури и од фрактура на карлицата или на долниот дел од ногата. Сè што можеме да направиме е да држиме палци дека ќе успее – нагласи Тиери Мурих во интервју за „Билд“.

Инаку, Линдзи Вон го освои својот прв златен медал на Зимските олимписки игри во 2010 година, во Ванкувер, сега веруваше во вториот, но по повредата, нејзините шанси за такво нешто се минимални и потенцијалниот медал би бил едно од најголемите чуда во историјата на спортот.

Нема сомнение, целиот свет ќе држи палци за една од најубавите спортистки во светот на трка што дефинитивно стана повеќе од спорт.

ИЗДВОЕНИ