„Докторите му го извадија куршумот“: Вучиќ го посети Богдановиќ кој беше ранет во инцидентот во Ќациленд/ФОТО

272
EPA/ANDREJ CUKIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ го посети Милан Богдановиќ во болницата, кој денес беше ранет од Владан Анѓелковиќ пред зградата на Народното собрание.

– Милан Богдановиќ, херојот од Ќацилeнд, беше успешно опериран. Лекарите го отстранија куршумот, кој го доби откако го праша напаѓачот „Дали ви треба нешто, господине?“ Му ветив на Милан дека веднаш по неговото закрепнување, ќе ја поминеме вечерта заедно на најслободното место во срцето на Европа, а тоа е Ќацилeнд. П.С. Денес згрешив, Милан е татко на три, а не на две деца – напиша Вучиќ.

За потсетување, денес кратко по 10 часот наутро избувна пожар во кампот пред зградата на Народното собрание познат како „Ќациленд“ – го подметнал Владан Анѓелковиќ. Анѓелковиќ притоа го застрелал и ранил Милан Богдановиќ.

Анѓелковиќ бил уапсен, а на членовите на МУП им објаснил дека направил сè за да ја испровоцира полицијата да го убие „затоа што повеќе не може да живее“ и затоа што „шаторите и окупацијата на центарот на градот го нервираат“.

ИЗДВОЕНИ