Токсикологот, доктор Андон Чибишев, по огромниот пожар во скопско Трубарево, каде гори електронски отпад, се огласи на социјалните мрежи со предупредување за сериозни последици по здравјето на граѓаните.
Сериозно ме вознемири веста дека е запалена фабрика за рециклирање на електронски отпад. При горење на електронски отпад се ослободуваат голема количина на екстремно токсични гасови кои содржат јаглероден моноксид, јаглероден диоксид, фруорводород, пареи од тешки метали (олово, жива, кадмиум, арсен).
Овие отровни гасови можат сериозно да го загрозат здравјето на децата, бремените жени, хроничните болни (срцеви, белодробни, малигни заболувања).
Апелирам граѓаните да затворат прозорци, да не излегуваат надвор без посебни портеби и сите кои имаат во домовите прочистувачи на воздух да ги пуштат да работат со најголем капацитет, напиша доктор Чибишев на својот Фејсбук профил.