Доколку не сте љубител на големи и бучни прослави – подгответе совршена новогодишна забава во својот дом

21
pexels

Воопшто не е причина за очај ако не може да отпатувате некаде. Па знаете, понекогаш е исцрпувачки да трчате по аеродромите, да премрзнувате на плоштадите во светот и да славите со луѓе што не ги познавате. Овој пат сте поштедени од сите оние исцрпувачки моменти и имате можност да ја пречекате Новата година поодморени од кога било досега. Затоа имајте добро расположение и подгответе се да го пречекате разденувањето со вашите најблиски, како во среќните тинејџерски времиња.

Доколку одлучивте годинава да ја пречекате најлудата ноќ во домашни услови, со семејството и со пријателите, тогаш подгответе се забавата да биде на највисоко можно ниво, а присутните да бидат задоволни од атмосферата.

Фактот дека овој прием ќе биде дома и во најблискиот круг, значи само дека може да ја доведете организацијата до совршенство, а атмосферата да се памети засекогаш. Притоа, треба да знаете дека има некои правила што би било убаво да ги следите за сè да биде под контрола. Многумина од нас првпат ќе се најдат во улога на менаџери на прославата за пречек за Новата година. Затоа искусните споделија „рецепт“ за најдобра новогодишна домашна забава.

Гледај на светлата страна на животот, односно незаменлива состојка за убава вечер е доброто расположение.  Можеби, затоа оваа новогодишна ноќ е вистинското време да заживее таа убава традиција.

Музика од грамофон

Дали знаевте дека грамофоните достигнуваат рекордна продажба? Винилите ја надминаа продажбата на цедеата пред две-три години, и тоа првпат од 80-тите години на минатиот век, и навистина има нешто зачудувачко во звукот што доаѓа од грамофон. Многу празнично!

Ако вашите најстари специјални гости се на вашата мала забава, ние гарантираме дека кога ќе ги слушнат првите звуци што доаѓаат од плочата што се врти на грамофонот, ќе се чувствуваат особено почестени. Некои ќе пуштат сентиментални солзи, а помладите ќе добијат поинаква перцепција за вашата младост. 

Подароци и светкаво пакување

Можеби, оваа година научивме на потешкиот начин колку е важно вниманието и колку, всушност, ги земаме здраво за готово тие мали гестови на внимание. Затоа оваа година не заборавајте да оставите подарок под елката, за сите оние години кога не сте го направиле тоа. Нивната вредност е споредна, вниманието што ќе го покажете е важно. И дефинитивно сè совршено спакувано со гламурозна панделка.

Удобност

Ноншалантноста и удобноста нека бидат упатства за годинашниот кодекс на облекување за Нова година во домашни услови и, ве молам, вашите избрани гости со неколку готови тематски пижами: sвездено небо, свилени или разиграни новогодишни мотиви, останува на вас да ги изненадите.

ИЗДВОЕНИ