Италијанскиот тенисер Јаник Синер отворено зборуваше за клучните моменти од својата кариера, но и за тоа како можел да тргне неговиот живот по сосема друг пат. тој издвои два моменти што, како што вели, го означиле неговиот професионален подем.

  • Првиот важен момент беше кога стигнав до првото место на АТП-листата во 2024 година. Вториот беше кога го освоив Вимблдон. Тоа не беше ни сон за мене. Кога бев помлад, ми се чинеше нереално да освојам толку голем турнир – рече италијанскиот ас.

Како што напредуваше во кариерата така му се зголемуваше и самодовербата, што на крајот доведе до историски успеси.

  • Како што продолжуваш понатаму, почнуваш да веруваш во себе и да се обидуваш да бидеш подобар. Да ја освоиш таа титула пред родителите, братот и пријателите, тоа сигурно е најсреќниот момент што сум го доживеал на тенискиот терен.

Сепак, патот до врвот не беше предодреден. Синер признава дека лесно можел да заврши надвор од спортот.

  • Реално, веројатно, би работел во кујната со татко ми (доколку не бев тенисер). Тој е готвач, односно порано работеше како готвач. Не би можел да се замислам себеси како професионален скијач (спорт со кој се занимавав паралелно со тенисот) од одредени причини. Мислам дека би било реално да работам во кујна со татко ми и да имам поголеми амбиции таму.

Тој откри и мали ритуали што го следат секој ден – од првото врзување на десниот чевел до необичните навики пред натпреварите.

  • Обично одам во истиот тоалет. Но, зависи од годината, ако не сум играл добро претходната година, менувам.

Кога не е на теренот, неговиот фокус е на закрепнувањето и дисциплината, а спиењето има особено место во неговата рутина.

  • Секогаш се трудам да спијам барем девет часа, иако не е лесно поради распоредот – заклучи Италијанецот.

 

ИЗДВОЕНИ