Основното јавно обвинителство отвори постапка по наводите на скопската градоначалничка Данела Арсовска, за дивоизградените објекти во Чаир, кои изминативе денови ги објавува и ги повика сите што имаат информации за вакви злоупотреби да ги пријават.

– Во однос на сомненијата за објекти-дивоградби во Општина Чаир, Основното јавно обвинителство Скопје прими известување од СВР Скопје по кое веќе се постапува. Воедно, потсетуваме дека сите службени лица кои имаат сознанија или докази за извршено кривично дело имаат законска обврска тоа да го пријават на надлежните органи – велат од Обвинителството

 

Основното јавно обвинителство отвори постапка по наводите на скопската градоначалничка, Данела Арсовска за дивоизградените објекти во Чаир кои изминативе денови ги објавува и ги повика сите што имаат информации за вакви злоупотреби да ги пријават.

Обвинителството добило известување од СВР Скопје за дивоизградените објекти во Општина Чаир. Арсовска на својот фејсбук-профил објави дека со години во Чаир се гради на диво со знаење на градоначалникот Висар Ганиу.

– Во однос на сомненијата за објекти-дивоградби во Општина Чаир, Основното јавно обвинителство Скопје прими известување од СВР Скопје, по кое веќе се постапува. Воедно, потсетуваме дека сите службени лица кои имаат сознанија или докази за извршено кривично дело имаат законска обврска тоа да го пријават на надлежните органи – велат од Обвинителството.

 

Скопската градоначалничка излезе со нови докази, наведувајќи дека Општина Чаир завчера во 14.44 часот до Агенцијата за катастар на недвижнини поднела Решение за поништување на Решението кое го издале за криминалната легализација со фалсификувани документи што ја откри Град Скопје.

-Решението го антидатирале како да е направено на 2.5.2025 година за да изгледа дека постапиле пред да биде објавен јавно целиот криминал, ама не можат да покријат дека завчера им е поднесен во катастар неколку часа по нашите пријави во МВР – истакна Арсовска.

Таа обвини дека во обидот за прикривање докази активно учествувале Владата и министерот за внатрешни работи кои како што вели наместо да „филозофираат, треба да постапуваат за да ги фатат криминалците, а не да дозволат тие да ги покријат нивните криминали“.

-До сега требаше да сте во општината и да ги имате обезбедено сите докази, а не да им дозволувате на Висар Ганиу и Изет Меџити да си ги покриваат криминалите и да уништуваат докази. Јавното обвинителство мора да постапи во разоткривање на криминалот кој се случува пред очите на целата јавност – децидна е Арсовска.

Инаку, таа реагираше на тоа што како што вели, наместо вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити да дојде во Чаир, таму каде што е најповикан, заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“, тој се исмева со граѓаните додека промовира туѓи проекти.

Таа нагласи дека проектот за споделување на автомобили е проект започнат во соработка со приватна компанија и претпријатијата на градот Скопје.

-„Храбриот“ Меџити никаде го нема да се соочи на терен со мене за дивоградбите кои тој и Висар Ганиу со години спротивно на закон ги граделе и легализирале во Чаир, со фалсификување на документи и одобренија за тие дивоградби. Срам за Македонија и оваа Влада се Изет Меџити и Висар Ганиу. Замислете, човек кој стои зад стотици дивоградби, ставил во ризик илјадници граѓани, фалсификувал документи со својот измеќар, сега е вицепремиер и промовира туѓи проекти пред медиумите и граѓаните – истакна Арсовска.

Меџити не остана должен и ѝ возврати на Арсовска дека акцијата била нарачана. Иако Арсовска јавно изнесе документи за над 150 објекти со фалсификувани дозволи, Меџити акцијата ја сведе на политички конфликт меѓу неа и Ганиу околу чистотата во општината и ѝ порача на градоначалничката наместо во Чаир да одела во општина Сарај, каде што според него сите градби се дивоградби и се легализираат за 1 евро по квадрат. Општина Сарај има градоначалник од ДУИ и таму градоначалник беше еден од врвот на ДУИ, Блерим Беџети и веројатно тие според Меџити биле нарачатели за обвинувањата што ги прави Арсовска. Сепак, тој ниту демантираше ниту потврдуваше дивоградби со фалсификувана документација во Чаир.

Арсовска информираше дека изминативе три години спречила 150 дивоградби кои Ганиу сакал незаконски да ги легализира.

(А.П.)

 

 

ИЗДВОЕНИ