Дали некогаш сте виделе водна нимфа во живо? Ако се прошетате покрај Дојранското Езеро, ќе забележите нимфа, водна, не митска, туку вистинска.
Линдернија или езерска нимфа (Lindenia tetraphylla) е едно од најретките, но и најубави вилински коњчиња во Македонија. Со впечатливата обоеност на телото и со елегантниот акробатски лет, таа изгледа како грациозно суштество од легендите.
Нашето Дојранско Езеро претставува уникатно природно живеалиште што со векови ја чува езерската нимфа. Загубата на вредностите на езерото директно влијае на загубата на овој редок и импресивен вид.
– Да ја заштитиме убавината на Дојран и езерските нимфи ќе продолжат да танцуваат над водната шир – порачуваат од Македонското еколошко друштво.