Русинката Анастасија Павличенкова е омилена меѓу своите колешки, бидејќи секогаш сака да се шегува. Тоа беше случајот и пред некој ден, кога во четвртфиналето на Вимблдон, по одлична борба беше елиминирана од Аманда Анисимова со 1:6, 6:7.
Анастасија Павличенкова дојде на редовната конференција со шише пиво во рака. Пред да се обрати на печатот, таа отпи од шишето, седна на масата и им се насмевна на новинарите.

Покрај тоа, таа дојде на конференцијата со шапка што самата ја дизајнираше, скрои и соши. Уникатно! Ќе го памети целиот Вимблдон, дури и покрај елиминацијата во четвртфиналето!

Русинката моментално е 50-та тенисерка во светот, а на Вимблдон ги победи Ајла Томљановиќ, Ешлин Кругер, Наоми Осака и Сонај Картал и се пласираше меѓу осумте најдобри. Таа годинава имаше многу здравствени проблеми, бидејќи имаше Лајмска болест.


Најдобриот пласман на Анастасија Павличенкова на ВТА листата беше во 2021 година, кога беше 11-та во светот. Освои 12 ВТА титули, а пред четири години играше во финалето на Ролан Гарос, во кое беше поразена од Чехинката Барбора Крејчикова со 1:6, 6:2, 4:6.

Анастасија Павличенкова а е родена во Самара на 3 јули 1991 година. Пораснала во спортско семејство, татко ѝ Сергеј бил веслач, а мајка ѝ Марина пливачка. Нејзиниот брат Александар исто така играл професионален тенис некое време. Баба ѝ била професионална кошаркарка, а дедо ѝ е елитен судија во тој спорт за СССР.

На почетокот на 2022 година, Анастасија Павличенкова, која повеќе од една деценија живее надвор од Русија, ја осуди Специјалната воена операција на нејзината земја во Украина. Сепак, тоа не ѝ помогна, бидејќи како и другите руски и белоруски тенисерки, таа беше под санкции некое време.

Таа е олимписка шампионка во мешани двојки со Андреј Рубљов од Токио во 2021 година. Поранешен светски „број еден“ на јуниорската ранг-листа. Почесен мајстор на спортот на Русија, а таа титула ја доби во 2021 година.

ИЗДВОЕНИ