Милорад Додик, на кого Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) му го одзеде претседателскиот мандат врз основа на конечна пресуда на Судот на Босна и Херцеговина, изјави дека претстојниот референдум во РС не зборува експлицитно за независност, туку ќе биде „сериозно загревање“.
„Република Српска ќе се позиционира во согласност со нашето право на самоопределување“, рече Додик во интервју за белградска Политика, објавено од Радио-телевизија РС (РТРС).
Владејачкото мнозинство во парламентот на РС одлучи да одржи референдум на 25 октомври за одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, за осудата на Додик од страна на Судот на Босна и Херцеговина и одлуката на ЦИК да му го одземе претседателскиот мандат врз основа на таа пресуда.
Тој нагласи дека Република Српска „нема намера да се откаже“, оценувајќи дека „муслиманите сакаат да го елиминираат од политиката, не сфаќајќи дека само уште повеќе ги зајакнуваат Србите“.
„Јас сум опасен сведок за многумина. Јас сум непланиран настан затоа што успеав да ја зачувам РС триесет години. Затоа се нервозни“, рече Додик.