Додик предлага формирање трет ентитет во БиХ – Хрватски

19

Лидерот на владејачката партија во Република Српска, Милорад Додик, даде предлог за формирање трет ентитет во БиХ со цел заштита на политичките права на Хрватите. Со тоа предизвика лавина критики од Бошњаците, пренесуваат босанските медиуми.

Додик со години го застапува реорганизирањето на БиХ преку формирање трет ентитет и тврди дека тоа го сакаат мнозинството Хрвати и нивните политички претставници, кои, сепак, не се осмелуваат јавно да кажат.

Во понеделникот, откако се сретна во Бања Лука со претседателот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ, Додик повтори дека верува оти трајното решение е БиХ да се организира со три ентитети. Тој изјави дека Федерацијата БиХ треба да се подели на бошњачки и на хрватски ентитет, кои би станале изборни единици за никој да не може да се меша во изборните одлуки на припадниците на еден од двата конститутивни народа.

 

ИЗДВОЕНИ