Додик по одлуката на Естонија да му воведе санкции: „Никогаш не сум бил, ниту имам намера да одам во земјата“

105
Foto: EPA

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ја коментираше одлуката на Естонија да му воведе санкции, посочувајќи дека никогаш не бил во таа земја и немал намера да оди таму.

Тој, исто така, истакна дека со оваа одлука, Естонија „го направила Сараево среќно барем еден ден“.

„Кога Естонија зборува за сепаратизам и обвинува некого за тоа, тоа е исто како кога пијаница зборува за штетноста на алкохолот. Никогаш не сум бил во Естонија, ниту пак имав намера да одам таму, па затоа одлуката за забрана за влез е сосема бесмислена. Тие само го направија Сараево среќно, барем еден ден“, напиша Додик на платформата X.

ИЗДВОЕНИ