Додик: Му понудив минерали на Трамп ако ме поддржи

202
Лидерот на босанските Срби Милорад Додик денесска тврдеше дека се обидуваат да го елиминираат од политиката бидејќи е пречка за напорите на европските земји предводени од Германија да ја преземат контролата врз минералното богатство на Босна, па затоа му ги понудил на Доналд Трамп под услов да му дозволи да остане на власт, пренесе Хина.

Додик организираше вонредна седница во парламентот на РС за повторно да зборува за своите видувања на состојбата во БиХ, а притоа тврдеше дека во позадината на денешната криза во БиХ е “обид за запленување“ на минералното богатство кое го спроведува високиот претставник Кристијан Шмит, нарекувајќи го „агент за недвижности“.

Тој ја престави понудата на САД, односно на администрацијата на Доналд Трамп за партнерство, во соработка со Унгарија, Србија, Русија, ЕУ и Кина, во истражување на наоѓалишта на минерали, со услов тие да ги гарантираат правата или „суверенитетот на Република Српска“.

„Во тој случај, ние сме ваши (САД) партнери во овој бизнис“, рече сегашниот претседател на РС, кој е под санкции на САД од 2017 година.

ИЗДВОЕНИ