недела, јануари 18, 2026
Дома БАЛКАН Додик го овласти својот син Игор да потпишува документи на СНСД за...

Додик го овласти својот син Игор да потпишува документи на СНСД за претстојните избори

103
Претседателот на СНДС Милорад Додик го овласти својот син Игор Додик во негово име да потпишува докумети во врска со претстојните предвремени избори за претседател на Република Српска.
Како што е потврдено за Кликс.ба, СНСД официјално го овластила Игор Додик во име и за сметка на владата – да поправи, потпише и завери евентално поправена пријава и други придружни документи со пријавата, со цел заверување на СНСД за привремените избори за претседател на Република Српска 2025 година – до Централната изборна комисија на БиХ.

Документот го потпишал Милорад Додик.

Оваа одлука е донесена неколку дена пред ЦИК на БиХ на 1 октомври и официјално да ја завери СНСД за учество на изборите. Додик во тоа време беше во Русија па можно е, пишува Кликс.ба да го овластил Игор во случај на отстранување на некои недостатоци, но постои можност Додик однапред да очекувал дека ЦИК би можела да ја одбие пријавата на СНСД поради пресудата на Судот на БиХ, со која му е изречена забрана за вршење политички функции во период од шест години.

Па според тоа, понатаму додава медиумот, и превентивно го овластил својот син да потпишува документи во име на партијата.

На седницат на ЦИК одржана на 1 октомври со мнозинството гласови е одлучено дека нема пречки СНСД да биде заверена за учество на изборите, како ни Милорад Додик да остане на фукцијата претседател на партијата. Единствен против одлуката гласал членот на ЦИК Суад Арнаутовиќ/

Додик со тоа избегна потенцијални процедурални пречки и го осигура учеството на СНСД на изборите.

 

 

ИЗДВОЕНИ