Европа целосно го изгуби разумот, обвинувајќи го рускиот претседател Владимир Путин за сите проблеми, вклучително и економските, изјави претседателот на СНСД, Милорад Додик.
„Путин е виновен за сè, тие целосно полудеа. Во тоа западнаа. Во овие услови, Европа трпи трагични загуби“, изјави Додик за руската телевизија, пренесува „РТРС“.
Според него, самите Европејци се откажале од руските извори на енергија, поради што се принудени, меѓу другото, да го исклучуваат уличното осветлување ноќе.
Како што рече, таква Европа е безвредна и мора да се промени.
„Не верувам дека е способна да се реформира или да се подобри“, рече Додик.
Москва постојано нагласуваше дека Западот направил сериозна грешка кога се откажал од руските јаглеводороди, поради што западните земји сега мора да купуваат руска нафта и гас преку посредници и по повисоки цени.












