понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Доделување на општинската награда „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици“

Доделување на општинската награда „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици“

30

Комисијата за општествени дејности при Советот на Општина Струмица распиша конкурс за доделување на општинската награда „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици“, а по повод 11 Декември, Денот на заштитниците на градот.

Годишната награда се доделува на правни и на физички лица од Општина Струмица, Македонија и од други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации и на нивните претставници за посебни остварувања во: стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во сите други сегменти од животот, кои дале посебен придонес за развој и афирмација на Општина Струмица во државата и пошироко.

Годишната награда се доделува за остварувања реализирани во период од една година, сметано од завршувањето на огласот и за остварувања во период подолг од десет години, како награда за животно дело.

Конкурсот трае заклучно со 20 ноември 2025 година.

 

ИЗДВОЕНИ