Доделени вкупно 33.682 ваучери за електронски уреди за студенти

13

Според последните податоци, заклучно со сабота, се доделени вкупно 33.682 ваучери на студенти за набавка на електронски уреди во вредност од 15.300 денари, објави вчера Марија Митева, портпарол на македонската Влада. Таа додаде дека од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и веќе подигнале нов електронски уред.

-Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати. Оваа мерка не е случајна ниту импровизирана, туку прецизно и навремено испланирана од страна на Генералниот секретаријат на Владата, во блиска соработка со Министерството за дигитална трансформација и Министерството за образование и наука. Со добро поставен систем и силна соработка меѓу институциите, мерката стана пример како државата може ефикасно, модерно и одговорно да испорача политики кои директно го подобруваат животот на граѓаните – нагласи Митева.

Според неа, со оваа мерка се намалува дигиталната нееднаквост и се поттикнуваме дигиталната трансформација.

– Мерката функционира, интересот е голем, очекуваме максимална искористеност на мерката од сите студенти, а имплементацијата е пример за успешна меѓуинституционална соработка – рече Митева.

ИЗДВОЕНИ