Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и оваа година ги додели решенијата на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување на велосипеди.
Георгиевски истакна дека оваа мерка се спроведува за да се стимулираат жителите почесто да ги користат велосипедите и велосипедските патеки, како и заеднички да се придонесе за поздрава и почиста животна средина и здрави навики на живеење.
Оваа година вкупно 63 граѓани добија субвенции за купен велосипед.
Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2025 година, која траеше до 30 април годинава.
Износот кој го доделува Општина Илинден како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари по велосипед.