Доделени плакети за почесни граѓани и благодарници на истакнати работници

125

На свеченоста по повод 20 години постоење на Општина Бутел, која се одржа во Македонската филхармонија, градоначалникот Дарко Костовски додели плакети за почесни граѓани и благодарници на истакнати работници кои несомнено придонеле за општина Бутел.

За почесни граѓани плакети им беа доделени: постхумно на Петре Латиновски, проф. д-р Аце Миленковски, Мите Јовановски, Масар Омерагиќ, Шабан Трстена, проф. д-р Аце Додевски, проф. д-р Игор Николов, д-р Борче Костовски, д-р Енвер Идоски, Александар Стефанов, проф. д-р Даме Димитровски, Дејан Георгиевски и Елиф Елмас.

Благодарници беа доделени за посебен придонес и соработка во областа на спортот, образованието и административната работа.

 

ИЗДВОЕНИ