понеделник, февруари 16, 2026
Дома СКОПСКА  Доделени осум стипендии за ученици што доаѓаат од социјално загрозени семејства

 Доделени осум стипендии за ученици што доаѓаат од социјално загрозени семејства

56

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска додели осум стипендии за ученици што доаѓаат од социјално загрозени семејства.

– Секое дете заслужува еднаква шанса. Продолжете да учите, да се трудите и да ги следите своите соништа. Успехот доаѓа кога веруваме во себе и кога не се откажуваме – порача Герасимовски.

Тој додаде дека со ова, вкупниот број доделени стипендии во учебната 2025/2026 година достигнал 138, во областите наука, спорт, култура и социјална поддршка.

Општина Центар продолжува да ги поддржува сите ученици што, со своите резултати и успеси, покажуваат посветеност, труд и желба за напредок.

 

ИЗДВОЕНИ