недела, февруари 8, 2026
Дома СКОПСКА Доделени 56 стипендии на најуспешните основци

Доделени 56 стипендии на најуспешните основци

79

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска додели 56 стипендии на најуспешните ученици од општинските основни училишта.

-Локалната самоуправа четврта година по ред доделува стипендии на талентираните ученици. Доделени се стипендии на 11 првенци на генерација на три наставни јазици (македонски, албански и турски), во износ од 12.000 денари. Исто така, доделени се стипендии на ученици од 5, 6, 7 и 8 одделение на три наставни јазици (македонски, албански и турски), во износ од 6.000 денари. Доделувањето на стипендиите е уште еден чекор за поддршка на учениците и најголема потврда за нивната посветеност, труд и напорна работа во текот на целата година – потенцираат од Општина Бутел.

ИЗДВОЕНИ