петок, февруари 6, 2026
Дома СКОПСКА Доделени 44 стипендии на ученици од Центар 

Доделени 44 стипендии на ученици од Центар 

386

Општина Центар додели 44 стипендии на ученици од училиштата на нејзината територија и тоа од областа на науката, техниката и на посебните вештини.

– Стипендиите од 3.000 и 3.500 денари месечно ќе се исплаќаат до крајот на тековната учебна година, како поддршка за постигнување успеси и резултати на државните и меѓународни натпревари – соопштија од Општината.

По повод Денот на општината, пофалници добија и најдобрите ликовни творби на конкурсот „Мојот Центар – мој дом, моја инспирација“.

 

ИЗДВОЕНИ