Општина Бутел денеска додели 4 милиони денари финансиска помош на спортските клубови на нејзината територија.
-Искрено се надевам дека оваа финансиска помош ќе помогне на клубовите и ќе стимулира нови државни, балкански, европски и олимписки шампиони. Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека пак врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата – истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.












