недела, јануари 25, 2026
Дома СВЕТ Додека протестите се шират низ САД, од Белата куќа велат: Хероите на...

Додека протестите се шират низ САД, од Белата куќа велат: Хероите на ICE спроведуваат закон, локалните власти на Минесота избираат политика

121
Фото:принтскрин

Американските агенти за имиграција вчера застрелаа и убија американски државјанин во Минеаполис, соопштија официјални лица, предизвикувајќи насилни протести и осуда од локалните лидери на вториот ваков инцидент овој месец.

Службеници на Министерството за внатрешна безбедност изјавија дека агентот на граничната патрола пукал во самоодбрана откако човек со пиштол им се спротивставил на нивните обиди да го разоружаат. Локалните лидери ја доведоа во прашање изјавата, која „Ројтерс“ не можеше да ја потврди, а која се чини дека е побиена од видеата објавени на интернет, според новинската агенција.

Убиениот маж беше идентификуван во медиумските извештаи и на социјалните медиуми како Алекс Прети, 37-годишен медицински техничар кој работел во Болницата за ветерани во Минеаполис. Во видеата од очевидци потврдени од „Ројтерс“, Прети стои на улица и ги снима агентите со својот мобилен телефон.

Видеата покажуваат еден од агентите како очигледно користи спреј со бибер против Прети и другите демонстранти. Додека Прети се обидува да го блокира прскањето и да им помогне на другите демонстранти, неколку агенти го соборуваат на земја и почнуваат да го удираат во главата и телото. Додека го држат Прети на земја, еден од агентите вади оружје и се испукани повеќе истрели. Телото на Прети може да се види на улицата.

Се огласија и од Белата куќа, нарекувајќи ги агентите херои.

„Хероите на ICE ги отстрануваат опасните криминални нелегални имигранти од нашите улици за да ги заштитат американските семејства.

Во исто време, локалното раководство на Минесота повторно ја избира политиката пред безбедноста на Американците што ги почитуваат законите“, напишаа на „Икс“, споделувајќи ја пораката на Трамп.

 

 

ИЗДВОЕНИ