вторник, јануари 27, 2026
Дома СВЕТ Додека Минеаполис се претвора во бојно поле, американски новинар со изјава: „Политичкиот...

Додека Минеаполис се претвора во бојно поле, американски новинар со изјава: „Политичкиот систем во САД преминува во форма на фашизам на 21 век“

73
EPA/Olga Fedorova

Откако агент на ICE во Минеаполис го уби 37-годишниот Алекс Прети, медицински техничар од одделот за интензивна нега, а две недели претходно друг агент на ICE уби жена, во САД избувнаа масовни протести поради репресијата врз имиграцијата од страна на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Овие настани само дополнително ја разгореа дебатата за споредбите на американската администрација и ситуацијата во САД, со фашистичките режими и ситуацијата во Германија пред Втората светска војна.

Џонатан Раух, американски новинар и политички аналитичар и автор на неколку книги за либералната демократија, знаењето и институциите, во својата анализа за The Atlantic наведува дека по години воздржаност, решил јасно да каже:

„политичкиот систем што го гради Трамп повеќе не може да се опише само како авторитаризам или популизам, туку како форма на фашизам на 21 век“.

ИЗДВОЕНИ