Додека Хамас го разгледува предлогот на Трамп за прекин на огнот, Нетанјаху повикува на нивно елиминирање

110
epa11767048 Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu speaks during a press conference in Jerusalem, 09 December 2024. EPA-EFE/MAYA ALLERUZZO / POOL POOL PHOTO

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на елиминирање на Хамас во своето прво јавно обраќање откако американскиот претседател Доналд Трамп објави, како што го нарече, „конечен предлог“ за 60-дневен прекин на огнот во Газа, објави Ројтерс.

Нетанјаху на состанок организиран од Трансизраелскиот гасовод изјави:

„Нема да има Хамас. Нема да има Хамастан. Не се враќаме на тоа. Готово е.“

Трамп рече дека Израел се согласил со условите за 60-дневен прекин на огнот во Газа и го повика Хамас да го прифати договорот пред ситуацијата дополнително да се влоши, објави АП.

Американскиот лидер го зголемува притисокот врз израелската влада и Хамас да постигнат договор за прекин на огнот и размена на заложници за да се стави крај на војната.

ИЗДВОЕНИ