Во позадината се слуша корисничката на платформата која го креирала и објавила видеото, Лиса Келер, која вели: „Не сакам да вознемирувам никого, ама во базенот на „Шератон“ има крокодил“. Потоа таа му се приближува на базенот и ги снима туристите, гости на хотелот кои се сончаат и се релаксираат на лежалките околу базенот. „Се чини дека никому не му е гајле“, додава таа.
@kellerdiariesOnly in fnq
Видеото кое циркулира на социјалните мрежи се постоветува со фотографиите кои управата на хотелот ги објави на својата веб-страница.
Менаџерот на објектот, Џозеф Америо, рече дека крокодилот бил забележан во сабота наутро, а областа околу базенот била евакуирана, додека вработените во Службата за диви животни во Квинсленд го отстраниле скитникот-влекач попладне.
Портпаролот на австралиското Министерство за животна средина изјави дека чуварите го преместиле животното на безбедно и поставиле предупредувачки знаци со кои се предупредува за можно присуство на крокодили во областа.
„Гостите и младиот крокодил што се изгуби тука не биле во базенот во исто време“, рече тој.
Се проценува дека повеќе од 100.000 солени и слатководни крокодили, кои се сметаат за помалку агресивни, живеат во северна Австралија.