Додека Европа се бори со екстремни горештини, невиден студ во Аргентина зема девет жртви

156

Додека Европа брои смртни сучаи од екстремните горештини, невообичаено силен студен бран ја зафати jужната хемисфера, исто така земајќи жртви. Во Аргентина температурите се спуштија на рекордно ниски нивоа убивајќи најмалку девет лица во последните 10 дена.

Студениот бран стана уште посилен од почетокот на неделава, а живата во термометрите покажа дури -19 степени во зори во средата во главниот град Буенос Аирес. Ова е најниската измерена температура во последните 34 години, според Аргентинската метеоролошка служба, пренесуваат медиумите. Во поширокото подрачје на главниот град, во Ел Паломар, беа измерени -7,4 степени Целзиусови, што е најниската температура во последните 58 години и втората најниска од 1935 година.

Од почетокот на неделава атлантските плажи, како што е Мирамар, кој се наоѓа на 450 километри од Буенос Аирес, беа покриени со снег првпат по 12 години. Во градот Масинчао, мала заедница од 3.000 жители во Патагонија, 1.400 километри јужно од главниот град, живата на термометарот се спушти на 12 и 18 степени под нулата. Но, таму во 1991 година биле измерени минус 35 Целзиусови степени, што е рекорд.

 

ИЗДВОЕНИ