недела, март 1, 2026
Дома СВЕТ Додека ЕУ бара прекин на огнот, Русија ноќеска ја нападна Украина со...

Додека ЕУ бара прекин на огнот, Русија ноќеска ја нападна Украина со 108 дронови

130
EPA-EFE/SERGEY KOZLOV

Украина ја обвини Русија дека испалила повеќе од 100 дронови за време на претходната ноќ, и покрај ултиматумот од сојузниците на Украина до Москва да прифати прекин на огнот.

„Почнувајќи од синоќа во 23:00 часот, непријателот нападна со 108 беспилотни летала „Шахед“ и други видови беспилотни летала“, соопштија украинските воздухопловни сили.

Додадено е дека најмалку 55 од тие дронови биле соборени.

Украина и нејзините европски сојузници, заедно со САД, поставија ултиматум до Москва да прифати „целосен и безусловно“ 30-дневен прекин на огнот што почнува денес, или Русија ќе се соочи со нови „големи санкции“.

ИЗДВОЕНИ