четврток, февруари 19, 2026
Дома СВЕТ Додека брат му Ендрју го апсеа, кралот Чарлс во првите редови на...

Додека брат му Ендрју го апсеа, кралот Чарлс во првите редови на модна ревија

241
EPA/TOLGA AKMEN

Додека полицијата го приведуваше неговиот брат, кралот Чарлс се појави во првиот ред на модната ревија и продолжи со својот распоред како ништо да не се случило.

Кралот Чарлс III се појави во четврток, 19 февруари, на отворањето на Лондонската недела на модата, само неколку часа откако неговиот брат Ендру Маунтбатен-Виндзор беше приведен под сомнение за злоупотреба на jaвна функција.

Седумдесет и седумгодишниот крал пристигна на адресата Странд 180, центарот на модната манифестација, каде што требаше да посети две изложби, меѓу кои и на Стела Мекартни, а потоа да седне во првиот ред на отворањето. Публиката го поздрави со аплауз, пишува „Тајмс“. Истото утро, Чарлс го заврши дипломатскиот дел од распоредот во лондонската палата Сент Џејмс, каде што прими странски гости.

Апсење на ден роденден
Ендру, кој ги напушти кралските должности и сега се претставува под името Ендру Маунтбатен-Виндзор, беше уапсен во својот дом на имотот Сандрингам во Норфолк на неговиот 66-ти роденден. Полицијата во исто време го претресува и неговиот поранешен дом, Кралската ложа во Виндзор.

Во соопштението тие велат: „Како дел од истрагата денес (19/2) уапсивме маж во шеесеттите години од Норфолк под сомнение за злоупотреба на јавна функција и вршиме претреси на адреси во Беркшир и Норфолк.“

Британските власти истражуваат дали тој споделувал класифицирани информации со Џефри Епштајн додека бил трговски претставник на Велика Британија.

По апсењето, кралот објави преку Бакингемската палата: „Со голема загриженост ја примив веста за Ендру Маунтбатен-Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Следи целосна, фер и соодветна постапка што ќе ја спроведат надлежните органи.“

Тој додаде: „Како што реков претходно, тие ја имаат нашата целосна и искрена поддршка и соработка. Законот мора да си го направи своето.“ Ендрју постојано негираше каква било поврзаност со злосторството на Епштајн. Американскиот финансиер почина во 2019 година во затвор во Њујорк.

ИЗДВОЕНИ