петок, јануари 23, 2026
Дома СВЕТ Доцните часови резервирани за тешки теми: Започна состанокот во Кремљ

Доцните часови резервирани за тешки теми: Започна состанокот во Кремљ

179
EPA/ALEXANDER KAZAKOV/SPUTNIK/KREMLIN POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на претседателот на САД, Стивен Виткоф, и Џаред Кушнер, започнаа разговори за украинската криза во Кремљ, јавуваат руските медиуми.

Учествуваат и шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, и помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, јавува РИА Новости.

Американската делегација пристигна во Москва околу 22:30 часот по руско време и веднаш се упати кон Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека состанокот на рускиот претседател Владимир Путин со Стив Виткоф и зетот на претседателот на САД, Џаред Кушнер, е планиран за доцна навечер по московско време.

ИЗДВОЕНИ