вторник, февруари 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Доброволното противпожарно друштво од Кочани доби опрема за технички интервенции

Доброволното противпожарно друштво од Кочани доби опрема за технички интервенции

43

Доброволното противпожарно друштво од Кочани доби нова донација од Германија. Пристигна опрема за технички интервенции, со која се зголемуваат капацитетите на друштвото при интервенции на возила во сообраќајни несреќи.

Претседателот на ДПД Кочани, Златко Илијев, упати огромна благодарност до германските пријатели, особено до господинот Јирген Вајс, за неговиот личен ангажман за обезбедување на донацијата.

Jирген Вајс е претставник на Покраинскиот противпожарен сојуз на Баварија. Со негово посредство кон крајот на април годинава, Германската амбасада во Македонија на кочанските доброволци им донираше навално противпожарно возило марка „магирус“ и повеќе од три илјади парчиња опрема и облека.

Германската амбасада во Македонија и Покраинскиот противпожарен сојуз се најголемите донатори на ДПД Кочани. Освен што донираат возила и опрема, Амбасадата и Покраинскиот сојуз на Баварија, со пожарникарите – доброволците од Кочани имаат реализирано неколку проекти за стекнување знаења и вештини од важност за интервенирање во пожари, елементарни непогоди и други несреќи.

ИЗДВОЕНИ