Тие додадоа дека таа штрајкува со глас од 2-ри февруари.
„Осудена е на шест години затвор поради „здружување и завера“, на една ипол година поради пропаганда, како и на двегодишна забрана за патување“, напиша адвокатот Мостафа Нили во објава на „Икс“.
Иран не се огласи по повор пресудата.
Таа е уапсена на почетокот на декември минатата година на комеморацијата на еден адвокат за човекови права кои е пронајден мртов.
Беше пуштена од затвор во декември 2024 година од медицински причини.
Иако требаше да биде на слобода само три недели, остана подолго веројатно затоа што активистите и државите од Западот вршеа притисок на Иран таа да остане на слобода.
Мохамади го продолжи својот активизам на јавните протести и гостувања во странски медиуми, вклучувајќи ги и демонстрациите пред техеранскиот затвор Евин, каде што беше задржана.
Активистката (52) повеќе пати беше осудувана и затворана во последните 25 години поради своето ангажирање против обврзното носење вел за жени во Иран и против смртната казна. Најголемиот дел од последната деценија го помина во затвор.












