Центарот на Олимпија Милано, Џош Нибо, повторно е принуден да паузира, поради повреда што се случи на крајно необичен начин. Американецот одигра само 15 натпревари од летото, кога пристигна во редовите на италијанскиот гигант – осум во домашното првенство и седум во Евролигата.

Серија лоша среќа и повреди постојано го оддалечуваа од теренот, а најновиот инцидент само дополнително ја продолжи неговата агонија. Имено, по победата на Олимпија над Асвел во 9. коло од Евролигата, Нибо премногу се занел во соблекувалната додека славел, ја изгубил рамнотежата, се лизнал и ја удрил главата. Лекарските прегледи потврдија потрес на мозокот, па робусниот центар ќе мора повторно да паузира и да ги пропушти следните натпревари на тимот од Милано.

 

ИЗДВОЕНИ