Поранешниот шеф на тимот Алпин во Формула 1, Оливер Оукс, поднесе неотповиклива оставка, објави тимот. Во соопштението на тимот се вели дека должностите што ги имаше Оукс претходно, ќе ги преземе извршниот советник Флавио Бријаторе (75), познат по своите успеси со Бенетон и со Рено во минатото.

  • Алпин објавува дека Оливер Оукс поднесе оставка на функцијата шеф на тимот. Тимот ја прифати неговата оставка. Од денес Флавио Бријаторе ќе продолжи како извршен советник и ќе ги преземе должностите што претходно ги извршуваше Оливер Оукс – соопштија од тимот.

Инаку, Бријаторе е контроверзна фигура во Формула 1, а најпознат е по скандалот „Крешгејт“ во 2008 година, кога возачот Нелсон Пике Џуниор намерно предизвика несреќа на Големата награда на Сингапур за да му помогне на својот колега Фернандо Алонсо да победи. Поради таа афера, Бријаторе доби доживотна забрана за учество во Формула 1, но таа одлука подоцна беше поништена од француски суд. Тој се врати во Формула 1 во мај 2024 година, како извршен советник на тимот Алпин. Исто така, беше дел од шампионските тимови во кои Михаел Шумахер (1994 и 1995) и Фернандо Алонсо (2005 и 2006) дојдоа до титулата.

ИЗДВОЕНИ