Времето во следните денови ќе биде претежно стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во сабота наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) алармираат дека денеска во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат над 15 l/m² воден талог. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми од 10 до 15 см.












