Доаѓа влажен бран од Медитеранот и носи обилни врнежи од дожд

63

Под влијание на влажен бран од Медитеранот до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Пообилни врнежи ќе има во текот на денешниот ден, кога се очекува локално да наврнат и над 25 l/m².

Ќе дува и умерен југоисточен ветер, особено долж Повардарието. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.

ИЗДВОЕНИ