недела, февруари 22, 2026
Дома СВЕТ Доаѓа бура каква што не е видена со години: 35 милиони луѓе...

Доаѓа бура каква што не е видена со години: 35 милиони луѓе на источниот брег на САД се во состојба готовност – посебно предупредување за Њујорк

49
Фото: EPA/OLGA FEDOROVA

Предупредувањата за бура се издадени во Њујорк, Њу Џерси и крајбрежните заедници покрај источниот брег, бидејќи бурата која би требало да стигхе денес се заканува да предизвика хаос на почетокот на седмицата.

Метеорологот Коди Снел предпреди дека бура со оваа магнитуда, во овој многу населен регион во САД, не е видена со години.

Њукорк би можел да биде посебно погоден, бидејќи ова е првпат во девет години да се издава предупредување на бура за тој град. Метеоролозите предвидуваат дека на подрачјето на градот би можело да наврнат од 30 до 45 сантиметри снег.

Градоначалникот Зохран Мамдани ги повика њујорчамни да останат дома и да не одат на пат додека трае невремето. Во текот на претходната бура, во Њујорк настрадаа 19 лица, а студениот бран траеше повеќе од три недели.

Њујорк подготви повеќе од 700 возила за фрлање сол и над 2.000 каминои за отпад ги претвори во чистачи за снег. Мамдани на прес-конференција исто така понуди да ги ангажира жителите во чистење на тротоарите.

Гувернерката на Њујорк Кети Хочул прогласи вчера вонредна состојба и активираше околу 100 припадници на Националната гарда.

Гувернерот на Њу Џерси Мики Шерил исто така прогласи вонредна состојба од недела попладне, изјавувајќи дека очекува тешки услопви.

Националната метеоролошка служба исто така издаде предупредување на веавица за делови за делови на Нова Англија, прво во последните четири години.

„Си-би-ес“ пренесе дека се предвидува невремето да ги погоди Бостон и околните подрачја од недела навечер до понеделник попладне.

Метеоролошката служба соопшти дека е можно да наврнат 30 до 60 сантиметри снег во многу области, и издаде предупредувања за снежна бура за Њујорк, Лонг Ајленд, јужен Конектикат и крајбрежните заедници во Њу Џерси и Делавер.

Како што се наведвува, авиокомпанијата „Делта“ вчера објави дека ги откажува летовите за недела и понеделник на аеродромите „Ла Гвардија“ и „ЏФК“ во Њујорк, како и во Бостон.

Според веб-страницата FlightAware, за денес се откажани вкупно повеќе од 2.700 летови, од кои повеќето беа закажани да пристигнат или да заминат од Њујорк. „Делта“ откажа 303 летови, „ЏетБлу“ откажа 426 летови, а „Американ Ерлајнс“ откажа 333 летови.

Повеќе од 3.000 летови беа откажани за понеделник, првенствено на аеродромите во Њујорк и Бостон. ЏетБлу соопшти дека откажал вкупно околу 1.200 летови закажани помеѓу недела попладне и вторник, а се очекуваат уште откажувања, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ