среда, јануари 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА До Судскиот совет досега немало претставки за земање мито против судијата Ристов

До Судскиот совет досега немало претставки за земање мито против судијата Ристов

Камбовски: постапивме по барањето, сега е на истрагата

145

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, во изјава за медиумите, рече дека досега, во оваа институција која е надлежна за работата на судиите, не се сеќава оти некој го пријавил судијата Ѓоко Ристов за земање мито.

– Видете, во Судскиот совет има безброј претставки. Во моментов јас не можам да се сетам на комкретен пример  дека имало претставка за земање мито или нешто слично. На пример, колку што се сеќавам, еден предмет се водеше за негово неизземање во предмет, а требало да биде изземен. А вакви конкретни… сега не можам да се сетам. Како што ви кажав, ќе ви одговориме официјално, не сакам да испадне дека имало некоја претставка, а јас во моментов да не се сеќавам и да ви дадам неточна информација – рече Камбовски.

Судскиот совет постапи по барањето на Основниот кривичен суд и му го одзеде имунитетот на судијата Ристов, осомничен за прикривање имот и перење пари, откако во домот на неговите родителите во Неготино полицијата пронашла 350.000 евра соѕидани во ѕид, за кои постои сомневање дека се стекнати незаконски.

Камбовски рече дека не знае точно колку пријави имало против судијата Ѓоко Ристов, но оти досега немало пријави во Судскиот совет од негови колеги од Апелација.

– Не, не. Во однос на тоа што биле другите пријави – од негови колеги, од Апелација – досега немало пријава во Судскиот совет. Имало можеби претставки, имало анонимни претставки, меѓутоа од колеги, од колеги судии – не – изјави Камбовски.

 

ИЗДВОЕНИ